ЕЗОП
БАСНИ
ЗЛАТНА КЛУПА
БИБЛИОТЕКА „ЗЛАТНА КЛУПА"
Уредник
ДУШКО НАНЕВСКИ
ЕЗОП
БАСНИ
„КОЧО РАЦИН“
СКОПЈЕ — 1966
КУЧИЊАТА И ЛИСИЦАТА
Некои кучиња нашле одрана кожа од лав и
фатиле да ја кинат. Лисицата го забележала тоа
и им рекла:
— Кога тој лав би бил жив, вие би осетиле
дека неговите шепи се појаки од вашите заби.
КОМАРЕЦОТ И БИКОТ
Комарецот долго седел врз рогот од еден бик.
Кога сакал да си одлета, го запрашал бикот дали
сака веќе да си оди. Бикот му одговорил:
— Ниту сетив кога си дошол, ниту ќе сетам
ако си отидеш.
ЗАЈАЦИТЕ И ЛИСИЦИТЕ
Војувале некогаш зајаците со орлите и ги поканиле лисиците за сојузници. Тие одговориле:
— Ние би ви дошле на помош, кога не би
знаеле кои сте и со кого војувате.
ЗАЈАЦИТЕ И ЖАБИТЕ
Зајаците решиле да се фрлат во некоја бездна
поради својата плашливост. Кога стасале до една
стрмнина крај која имало бара, жабите што биле
таму слушнале топот од нозе и се фрлиле во барата. Еден од зајаците го забележал тоа и им рекол на останатите браќа:
— Нема да скокаме во бездната, оти еве, има
и поплашливи животни од нас.
КУЧЕТО И ГОСПОДАРОТ
Додека некој човек се готвел за пат, неговото
куче мирно си стоело. Господарот му рекол:
— Што си зјапнало? Приготви си ги нештата,
оти ќе одиш со мене.
Кучето кренало опашка и рекло:
— Јас сум готово,. туку ти се бавиш.
ЛАВОТ И МАГАРЕТО
Лавот и магарето склопиле пријателство и
тргнале на лов. Кога стасале до некоја пештера
во која имало дивокози, лавот застанал пред влезот и добро внимавал на оние што излегувале, а
магарето влегло внатре и, рикајќи, ги падело козите. Откога лавот фатил повеќе кози, магарето
излегло и запрашало дали се покажало храбро и
дали добро ги бркало козите.
Лавот рекол:
— Биди уверено дека и јас ќе се преплашев,
ако не знаев оти си магаре.
ЛАВОТ, МАГАРЕТО И ЛИСИЦАТА
Лавот, магарето и лисицата основале заедница
и тргнале на лов. Кога наловиле доволно, лавот
му заповедал на магарето да изврши расподелба.
Ова го сторило тоа врз принципот на еднаквост,
на три еднакви делови, и им понудило да изберат. Разлутен, лавот го изел магарето. Потоа ѝ
заповедал на лисицата, таа да дели. Таа натрупала сѐ на еден куп, а за себе оставила само малку. Тогаш лавот ѝ се обратил:
— Мила моја, кој те научи така да делиш?
Таа одговорила:
— Несреќата на магарето.
ЛАВОТ И ДЕЛФИНОТ
Еден лав талкал по морскиот брег и забележал некој делфин како се подава од морето, та
го повикал за сојузник, велејќи дека им прилега
да си станат пријатели и помагачи.
— Ти си, рекол лавот,, крал на морските животни, а јас на сувоземните.
Делфинот со задоволство се согласил.
По кусо време, лавот, борејќи се со некој див
бик, го повикал делфинот на помош. Бидејќи овојне можел да излезе, иако сакал, лавот почнал да
то обвинува како предавник.
Тогаш делфинот му рекол:
— Не обвинувај ме мене, туку природата која
не ме пушта да излезам на суво, зашто ме создала морско животно.
ВОЛЦИТЕ И КУЧИЊАТА
Волците-им рекле на кучињата:
— Кога веќе во сѐ сте ни еднакви, зошто немате за нас, како браќа, и исти мисли? Имено, не
се разликуваме од вас во ништо, освен во мислењето. Ние живееме и умираме за слободата, а вие,
иако им се покорувате и им робувате на луѓето,
на сето згора и удари добивате од нив и синџири
носите, а и овците им ги чувате. Кога јадат„ ви
фрлаат само коски. Послушајте нѐ, предајте ни ги
сите овци, да јадеме сѐ заедно, колку што ни
душа сака.
Кучињата се согласиле ср тоа, а волците влегле во трлото и ги испоклале најнапред кучињата.
ВОЛЦИТЕ И ОВЦИТЕ
Бидејќи од пците-чувари не можеле да се доберат до стадото овци, волците увиделе дека тоа
треба да се постигне со лукавство. Затоа им испратиле на овците пратеници, барајќи од нив да им
ги предадат ќучињата како виновници за непријателството, па потоа да настане мир меѓу нив.
Овците, не мислејќи на иднината, ги предале кучињата. Кога волците ги грабнале кучињата, лесно го испоклале стадото што не било чувано.
копци
Некогаш копците имале ист глас како и лебедите. Меѓутоа, кога слушнале како ’ржат коњите, посакале да го имаат нивниот глас, и обидувајќи се да ги имитираат, го загубиле и она што
го имале и она што настојувале да го научат, зашто да ’ржат не научиле, а да пеат заборавиле.
КОЊОТ, ВОЛОТ, КУЧЕТО И ЧОВЕКОТ
Коњот, волот и кучето, присилени од студот,
дошле во куќата на некој човек. Овој ги примил,
запалил оган и тие се стоплиле. На коњот му дал
јачмен, на волот плева, а на кучето остатоци од
јадење. Поради таа гостољубивост, тие му ја возвратиле благодарноста на тој начин, што секој му
дал дел од своите години. Коњот му ги дал своите
први години, та затоа секој човек е огнен и има
горделив карактер; волот, потоа му ги дал средните години, та затоа секој човек е деловен и
работлив,, зашто собира богатство; кучето, како
трето, му ги дало последните години, та затоа секој човек кога ќе фати да старее има злобна нарав, нељубезен е и му се радува само на оној кој му дава храна, а на оние што не му ја даваат
’ржи и ги напаѓа.
КАМИЛА
Кога луѓетр првпат виделе камила, се преплашиле, збунети од нејзината големина, и избегале. Откога, со тек на времето, ја запознале нејзината благост — многу се осмелиле, та дури ѝ
пристапиле. Кога виделе дека тоа животно ни најмалку не е опасно, толку го презреле што му
клале узди и им го дале на децата да го водат.
КОЊОТ И ВОЈНИКОТ
Во време на некоја војна еден војник го
хранел својот коњ со јачмен, како помагач во неволата. Кога војната престанала, коњот му помагал при тешките работи и во носењето поголеми товари, а добивал само плева. Кога се слушнало дека пак избувнала војна и кога трубата почнала. да повикува, господарот го зауздил коњот,
се вооружил и тргнал во војна. Коњот постојано
се тетеравел, зашто немал сили. Најпосле, му рекол на својот господар:
— Појди сега во пешаци, зашто од коњ ме
претвори во магаре. Како можеш од магаре пак
да добиеш коњ?
КРАДЦИТЕ И ПЕТЕЛОТ
Некои крадци влегле во една куќа, но не
нашле ништо освен еден петел. Го зеле и си отишле. Кога сакале да го заколат, петелот почнал да
ги моли да го пуштат на слобода, зборувајќи дека
им е полезен на луѓето зашто наутро ги буди да
одат на работа. Тие му одговориле:
— Дотолку повеќе имаме причини да те убиеме, зашто со тоа што ги будиш нив, ни пречиш
нам да крадеме.
ЧАВКАТА И ГАВРАНОТ
Некоја чавка била поголема од другите чавки и затоа ги презрела своите роднини. Таа отишла кај гавраните и ги замолила да живее заедно
со нив. Бидејќи тие не ја познавале, ја натепале
и ја нападиле. Нападена од нив, дошла пак кај
чавките, но тие, налутени од нејзината горделивост, не ја примиле. Така ѝ се случило ни едната
страна да не ја сака во својата заедница.
ФАЛБАЏИЈА
Некој човек отпатувал во туѓина, а кога се
вратил во својата земја почнал да се фали дека
во разни земји, на многу нешто се покажал хра-
бар, а дека на Родос скокнал колку што никој
од неговите земјаци не би можел да скокне. Зборувал дека за тоа има и сведоци — тамошните
очевидци. Некој од присутните му го прекинал
зборот и рекол:
— Драги мој, ако е тоа навистина точно, не
ти требаат сведоци. Овде е Родос, овде скокни!
ГЛАДНИТЕ КУЧИЊА
Некои гладни кучиња забележале кожи потопени во реката, па немоќни да ги дофатат, се
здоговориле да ја испијат водата, та така да дојдат до кожите. Се случило, меѓутоа, испивајќи ја
водата, порано да пукнат, одошто да се доберат
до кожите.
ПЕС
Некој пес напаѓал и касал подмолно. Затоа
стопанот му обесил ѕвонче, сите да можат да го
познаат. Меѓутоа, тој, тресејќи го ѕвончето, се
фалел на плоштадот. Тогаш, некој стар пес му
рекол:
— Што толку се гордееш? Не го носиш поради добрината, туку како доказ за твојата притаена злоба и подмолност.
ЧОВЕКОТ ШТО ГО КАСНАЛО КУЧЕ
Еден човек, кого што го каснало куче, одел
барајќи некого да го излекува. Го сретнал некој
човек и, кога разбрал што бара, му рекол:
— Драги пријателе, ако сакаш да се спасиш,
земи парче леб, избриши ја со него крвта од раната и дај му го тоа на кучето што те каснало.
Овој се насмеал и рекол:
— Ако го сторам тоа, тогаш сигурно сите пци
во градот ќе ме каснат.
КУЧЕТО И ЛИСИЦАТА
Некое ловџиско куче забележало еден лав и
потрчало по него. Кога лавот се свртел и рикнал,
преплашениот пес избегал назад. Лисицата го забележала тоа, па му рекла:
— Луда главо, ти го гониш лавот, а не можеш да го издржиш ни неговото рикање.
КУЧЕТО И ВОЛКОТ
Некое куче си дремело на некој имот. Дотрчал волкот и сакал да го изеде. Кучето почнало да го моли да не го коле сега, зборувајќи:
— Сега сум уште мало и слабо. Ако почекаш
малку, моите господари ќе прават свадба, па и
јас тогаш, кога многу ќе се најадам, ќе станам
помрсно и ќе ти бидам поарен залак.
Волкот поверувал во тоа и си отишол. По некое време пак дошол и го нашол кучето кај лежи на покривот од куќата. Се запрел и фатил
одоздола да го довикува, напомнувајќи му ја спогодбата. Кучето му рекло:
— Драги мој волку, ако отсега ме видиш да
лежам на имотот, не чекај веќе свадба.
КУЧЕТО И ВОЛЧИЦАТА
Едно куче, гонејќи некоја волчица, се гордеело поради брзината на своите нозе и својата
сила. Мислело дека волчицата бега зашто се
плаши од него. Тогаш таа се свртела и му рекла
на кучето:
— Не се плашам јас од тебе, туку од твојот
господар.
СВИЊАТА И ЛИСИЦАТА
Некој човек си натоварил на магарето коза,
овца и свиња и тргнал да оди в град. Бидејќи
свињата по цел пат квичела, ја слушнала лисицата и ја запрашала зошто само таа кенка додека
другите мирно си траат. Таа ѝ го прекинала зборот:
— Не квичам јас баш залудно, зашто добро
знам дека стопанот ќе ја поштеди овцата што му
дава волна и јагниња, а исто така и козата зара-
ди сирењето и јарињата. Бидејќи од мене ништо
не ќе добие, секако ќе ме заколе.
ЕЛЕН
Еден елен, слеп на едното око, дошол до морскиот брег и почнал да пасе, свртен со здравото
око кон копното, внимавајќи така да не дојдат
ловците, — а со другото кон морето, зашто оттаму не очекувал никаква опасност. Кога го забележале некои луѓе што пловеле покрај тоа место, го застрелале. Умирајќи, си рекол во себе:
— Баш сум несреќен, се чував од подмолното копно, а наидов на многу поопасното море под
чија заштита се засолнив.
ЈАРЕТО И ВОЛКОТ
Волкот гонел некое јаре заостанато од стадото. Јарето се свртело и рекло:
— Уверено сум, драги волче, дека сум твој
плен, но да не загинам неславно, засвири па ќе
заиграм.
Додека волкот свирел, а јарето играло, го
слушнале кучињата и дотрчале, па фатиле да го
гонат волкот. Тој се свртел и му рекол на јарето:
— Ова и го заслужив, не требаше да изигрувам свирач, кога сум месар.
ВОЛКОТ И ЛИСИЦАТА
Некој волк се истакнувал меѓу волците со
својата сила, та почнале да го наречуваат лав.
Тој, бидејќи бил глупав, не се задоволил со таа
слава, туку се одбил од своето племе и фатил да
дружи со лавовите. Потсмевајќи му се, лисицата
рекла:
— Да не сум со сиот ум, ако ти сега не си
сосема поулавен, зашто сред волците навистина
изгледаш како лав, но во споредба со лавовите,
пак остануваш волк.
ВОЛКОТ И КОЗАТА
Волкот забележал некоја коза кај си брстела
на некоја карпа. Бидејќи не можел да ѝ пријде,
зел да ја наговара да слезе долу за да не падне,
велејќи ѝ притоа, дека тој има прекрасна ливада
со обилна трева. Таа му одговорила:
— Ти не ме викаш за пасење, туку зашто си
гладен.
ВОЛКОТ И ЈАГНЕТО
Кога волкот нашол едно заскитано јагне, не
го зграпчил веднаш со својата силна шепа, туку
сакал да го изеде, барајќи некоја оправдана причина. Затоа му рекол:
— Минатата година многу ме навредуваше.
Тоа, плачејќи, му рекло:
— Во тоа време јас не сум постоело на овој
свет.
Волкот на тоа одговорил:
— Но, ти ми ја пасеш ливадата.
А јагнето се бранело:
— Таква храна уште не сум почнало да јадам.
Тогаш волкот пак рекол:
— Но пиеш од мојот извор.
Тоа му одговорило:
— Уште ниту еднаш не сум се напило вода,
зашто млекото од мојата мајка ми е и храна и
пијачка.
Волкот го зграпчил и голтајќи рекол:
— Не сакам толку многу да чекам на ручекот, иако ти го побиваш секој мој приговор.
ВОЛКОТ И ЛАВОТ
Еднаш волкот носел овца што ја грабнал од
стадото. На патот го сретнал лавот и му ја одзел. Тој застанал подалеку и рекол:
— Несправедливо ми ја грабна.
Лавот се насмеал и рекол:
— А зар ти си ја добил од пријатели, на чесен начин?
ВОЛКОТ И МАГАРЕТО
Кога еден волк им станал водач на другите
волци, објавил закон за сите и им наредил сѐ
што ќе улови кој и да е од нив, каде и да било
јавно да го изнесе и да им го раздели на сите.
Кога магарето го слушнало тоа, поклатило глава
и смеејќи се, рекло:
— Убаво рече, господару на волците, но како
ти вчера скришно го однесе ловот во своето
дувло, сам да го изедеш? Донеси го да им се раздели на сите еднакво.
Волкот се нашол в чудо и го укинал законот.
ВОЛКОТ И ОВЧАРОТ
Некој волк одел по стадото овци, но не правел никакво зло. Овчарот отпрво се пазел од него
како од непријател и, плашејќи се, добро внимавал на него. Бидејќи волкот постојано го следел и воопшто не се обидувал нешто да грабне
овчарот си помислил дека е тој повеќе пазач
одошто подмолен непријател. Затоа, кога требало
да појде в град по некоја работа, му ги оставил
овците на волкот и отишол. Волкот сфатил дека
сега е прилика, и го сотрел стадото. Кога овчарот се вратил и го видел уништено ста дото, рекод:
— Така ми требаше. Зошто му ги доверив
овците на волкот?
ВОЛКОТ И ОВЦАТА
Некој волк, што го испокасале кучиња, лежел ранет наземи. Додека гладувал така, забележал една овца и почнал да ја моли да му донесе вода од реката што течела во близината.
— Ако ми дадеш ти вода — рекол волкот —
храна,, веќе, сам ќе си најдам.
Тогаш овцата му рекла:
— Ако ти дадам вода, ти ќе ме земеш мене
за храна.
МУ ви
Кога во некој килер се истурил мед, долетале муви и започнале да го јадат, а поради неговата сладост не се одвојувале од него. Бидејќи
не можеле да летнат, зашто им се залепиле нозете, тонејќи рекле:
— Колку сме несреќни, настрадавме заради
краткотрајна наслада.
ПОЛСКИОТ И ГРАДСКИОТ ГЛУШЕЦ
Полскиот глушец му бил пријател на градскиот глушец па, за да го зацврсти пријателството, го повикал во полето и во знак на гостољубивост му изнесувал на маса сѐ што знаел дека полето им го пружа на своите жители. За да му
го возврати гостопримството, градскиот глушец
го повел полскиот глушец в град и го одвел во
куќата на некој богат човек. Токму кога сакале
да си апнат од она што имало таму, некој фатил
да тропа. Колку пати се обиделе да каснат од
кајмакот, толку пати се откажувале од обидот.
Најпосле полскиот глушец рекол:
— Си одам, зашто повеќе го ценам простиот
полски живот, одошто раскошот во градот.
ЛИЛЈАКОТ И МАЧКАТА
Мачката фатила некој лилјак што паднал на
земјата. Бидејќи сакала да го изеде, тој зел да
ја моли за милост. Кога мачката му рекла дека
не може да го ослободи, зашто по својата природа им е непријател на сите птици, лилјакот одговорил дека тој не е птица туку глушец, и така
се ослободил. Друг пат лилјакот пак паднал, па
кога го фатила друга мачка, почнал и неа да ја
моли да не го изеде. Кога мачката рекла дека таа
им е непријател на сите глувци, тој ѝ одговорил
дека не е глушец туку лилјак, та така пак се избавил. Така се случило да се спаси, променувајќи го двапати своето име.
ПАТНИЦИ
Двајца луѓе патувале заедно. Кога едниог од
нив нашол секира и извикал: „Најдов секира!“,
другиот го предупредил да не зборува така, туку
— „најдовме секира". По кусо време ги достигнале оние што ја загубиле секирата и тој со секирата почнал да му зборува на својот сопатник:
— Пропаднавме.
Тогаш овој му рекол:
— Речи „пропаднав“, а не „пропаднавме“, зашто и тогаш, кога ја најде секирата, велеше „најдов“, а не „најдовме“.
МАГАРЕТО, ЛИСИЦАТА И ЛАВОТ
Магарето и лисицата склучиле сојуз и тргнале заедно на лов. Сретнале некој лав, а лисицата, предвидувајќи ја опасноста, му пришла на.
лавот и му ветила дека ќе му го предаде магарето ако ѝ ја загарантира сигурноста. Кога лавот
рекол оти ќе ја пушти, таа го повела магарето -до
некоја стапица и вешто измајсторила да падне во
неа. Откога видел дека магарето не може да му
избега, лавот ја зграбил најнапред лисицата, а
потоа.му се фрлил и на магарето.
МАГАРЕТО И ВОЛКОТ
Магарето згазнало на трн и останало куцо.
Видело некој волк и му рекло:
— Драги волче, еве умирам од болка и помило ми и.тебе да ти послужам како ручок отколку
да ме изедат јастреби и гаврани. Сепак, те молам
жити здравје, да го извлечеш најнапред трнот од
мојава нога, за да не пцовисам во маки.
Волкот го загризал трнот со острите заби и
го извлекол. Магарето, ослободено од болката, го
удрило со копитото волкот кој веќе ја отворил
устата, му ја здробило муцката, челото и забите,
и почнало да бега. Тогаш волкот рекол:
— Леле мене! И право е, зашто сега првпат
сакав да бидам билјар, иако сум научил да бидам
месар.
МАГАРЕТО ВО КОЖА ОД ЛАВ
Некое магаре си навлекло кожа од лав и тргнало да ги плаши неразумните животни. Ја забележало лисицата, па се обидело и неа да ја
преплаши. Бидејќи случајно, миг пред тоа, го
слушнала како рика, таа рекла:
— Знај дека и јас ќе се преплашев, само да
не те слушнев како се креваш на големо!
МАГАРЕШКА СЕНКА
Кога еднаш Атињаните го спречувале говорникот Демостен да зборува во собранието, тој им
рекол дека сака нешто накратко да им раскаже.
Тие замолкнале и тој почнал:
— Некој млад човек зел лете магаре под
наем за да појде од градот во Мегара. Бидејќи на
пладне сонцето жестоко припекло, во сенката од
магарето посакале да се засолнат и стопанот и
момчето, но еден на друг си го оспорувале правото на тоа. Првиот велел дека го дал под наем
магарето, а не сенката, а вториот, што го зел под
наем, дека има право на сѐ.
Откога го рекол тоа, Демостен си тргнал.
Кога Атињаните фатиле да го задржуваат и да
молат да им ја доврши приказната, тој рекол:
— За магарешката сенка, значи, сакате да
слушате, а не сакате да слушате кога зборувам
за сериозни работи.
ЗГАЗЕНАТА ЗМИЈА
Змијата, која многумина ја газеле, отишла
кај Зевс. Тој ѝ рекол:
— Да си го каснала првиот што те згазнал,
друг не би се ни обидел да го стори тоа.
МАЈМУНОТ И РИБАРИТЕ
Еден мајмун, седејќи на некое високо дрво,
забележал некои рибари кај фрлаат мрежа во
реката и почнал внимателно да ја посматра нивната работа. Додека тие, откако ја извлекле мрежата, наблизу си ручале, мајмунот слегол од
дрвото и се обидел да работи како нив. Велат,
дека тој е животно кое вешто имитира. Кога —
неискусен во ловот — и самиот се фатил во мрежата, рекол:
— Така и ми треба. Зашто се зафатив за
она што не го знам сигурно.
МАЈМУНОТ И КАМИЛАТА
На некој состанок на животните, станал мајмунот и фатил да игра. Бидејќи така се прославил и сите му го признале тоа, посакала истото
да го стори и завидливата камила. Затоа таа излегла и се обидувала да игра. Бидејќи изгледала
неверојатно грда, се налутиле останатите животни и ја истерале со стапови.
ОВЧАРОТ И КУЧЕТО
Некој овчар, терајќи го стадото во трлото,
за малку ќе затворел со нив и еден волк, ако не
го забележало кучето кое му рекло на овчарот:
— Ако сакаш да го зачуваш стадото, не терај заедно со него волк во трлото.
БИКОТ И ЈАРЕЦОТ
Бегајќи пред лав, еден бик влегол во некоја
пештера. Таму, некој јарец фатил со роговите да
го турка од пештерата. Тогаш бикот му рекол:
— Не се плашам од тебе, туку од лавот. Само нека си отиде ѕверот, па ќе разбереш тогаш
каква е силата на бикот и каква на јарецот.
БОЛВАТА И ЧОВЕКОТ
Една болва многу му здодевала на некој човек. Тој ја фатил и зел да вика:
— Која си ти та да ме касаш секаде и така,
без причина, да ме сотираш?
Гаа почнала да се моли:
— Пушти ме мил, и не убивај ме, зашто и
така не можам да сторам големо зло. Тој се насмеал и рекол:
— Токму затоа ќе загинеш од моиве сопствени раце, зашто не е убаво воопшто, да се појавува некое зло, било големо или мало.
КУСАТА ЛИСИЦА
Некоја лисица, на која стапицата и ја откинала опашќата, многу била несреќна поради тој
срам, та смислила да ги наведе и другите лисици
да си ги скинат опашките, та на тој начин да ја
скрие својата мана. Ги собрала, значи, сите лисици и почнала да ги наговара да си ја откинат
опашката, велејќи дека не само што не е срамота,
туку дека таа и инаку им виси како непотребен
товар. Една од нив ѝ го прекинала зборот:
— Драга моја, ти не ќе нѐ советуваше вака,
да не ти се случеше тоа тебе.
МЕЧКАТА И ЛИСИЦАТА
Еднаш мечката се фалела дека е најчовечна
од сите животни. Велат, имено, дека мечката никогаш не јаде мртовец. Кога го слушнала тоа, лисицата се насмеала и ѝ рекла:
— Камо таа среќа да јадеше умрени, а не
живи!
СТАРЕЦОТ И СМРТТА
Некој старец, насекол дрва и тргнал со товарот на долг пат. Уморен од патот, го спуштил
товарот и започнал да ја довикува смртта. Кога
смртта се појавила и го запрашала зошто ја повикал, старецот рекол:
— За да ми го поткренеш товаров.
ЗМИЈАТА И ОРЕЛОТ
Се судриле змијата и орелот и фатиле да се
борат. Змијата се свиткала и така го држела орелот. Некој селанец го видел тоа, го разврзал
змииниот заплет и го ослободил орелот. На ова,
змијата се разлутила и му пуштила потајно отров
во водата на селанецот. Кога човекот се обидел
да пие, орелот слетал и му ја истргнал чашата
од рацете.
СЕЛАНЕЦОТ И НЕГОВИТЕ СИНОВИ
Кога некој селанец бил на умирачка, посакал неговите синови да научат да ја обработуваат
земјата. Затоа ги повикал и им рекол:
— Деца мои, јас веќе си одам од овој свет,
а вие ќе бидете среќни и богати ако го најдете
она што е скриено во нашето лозје.
Тие помислиле дека таму негде има закопано злато. Затоа, по татковата смрт, ја прекопале
сета земја околу лозите, но не нашле злато. Меѓутоа, лозјето, убаво окопано, им донело богат
род.
ТАТКОТО И СИНОВИТЕ
Синовите на некој селанец биле несложни.
Откога нивниот татко, и покрај многубројните
предупредувања, не успеал да ги наговори да се
смират, се досетил и им заповедал да донесат
еден сноп прачки. Кога тие ја извршиле наредбата, им го дал целиот сноп и им рекол да го
скршат. Бидејќи не можеле да го сторат тоа, иако
ја употребиле сета сила, тој го разврзал снопот
и тогаш им ги дал прачките една по една. Откако го скршиле со леснотија, тој рекол:
— Така и вие, деца, ќе бидете несовладливи
за непријателите ако бидете еднодушни; ако, пак,
се карате, ќе бидете лесно совладани.
ПЛАШЛИВИОТ ЛОВЕЦ И ДРВАРОТ
Еден ловец, гонејќи лав, запрашал некој дрвар дали видел негови траги. Овој му одговорил:
— Ќе ти го покажам самиот лав.
На ова, ловецот пребледел од страв и тресејќи заби рекол:
— Ги барам само трагите, а не лавот.
ДРВАРОТ И ДАБОТ
Некои дрвари цепеле д!б со клинови што ги
направиле од неговото дрво. Дабот рекол:
— Не ѝ се лутам толку на секирата, што ме
цепи, колку на клиновите што се дел од мене!
ЕЛКАТА И КАПИНАТА
Елката се фалела и ѝ зборувала на капината:
— Од тебе нема ама никаква полза, додека
од мене прават покриви и мебел.
Капината ѝ одговорила:
— Кога ќе се сетам на секирата и на пилата, по мило ми е што сум капина отколку Да сум
елка.
ЖЕНАТА И КОКОШКАТА
Некоја вдовица имала кокошка што секој
ден ѝ несла по едно јајце. Помислила дека ќе ѝ
несе двапати на ден ако ѝ даде повеќе јачмен.
Го сторила тоа. Но, кога се здебелила, кокошката
не можела да несе ни еднаш на ден.
ЕЛЕНОТ И ЛАВОТ
Бегајќи од ловците, еленот дошол пред некоја пештера во која имало лав и влегол да се
скрие. Кога лавот го здограбил и фатил да го
дави, еленот, рекол:
— Колку сум несреќен! Бегајќи од луѓето,
попаднав во шепите на ѕверот.
КОЊОТ И МАГАРЕТО
Некој човек имал коњ и магаре. Кога биле
некогаш на пат, магарето му рекло на коњот:
— Земи малку од мојов товар, ако сакаш да
обтанам живо.
Коњот не послушал. Од умор, магарето паднало и пцовисало. Кога стопанот .натоварил сѐ
врз коњот, па и самата магарешка кожа, коњот
фатил да офка:
— Леле, кутриот јас! Што ми се случи! Не
сакав да земам мал товар, а еве сега носам сѐ,
па и одраната кожа.
ОРЕВ
Крај еден пат растел орев кој имал обилен
род. Заради плодовите, минувачите го кршеле со
камење и со стапови. Затоа, тој тажно рекол:
— Кутриот јас! Токму од оние што ги развеселувам со своите плодови, како надополнување добивам жална благодарност.
ГРАДИНАР
На некој градинар што си го поливал зелјето, му пристапил некој човек и го запрашал зошто дивото зелје убаво расте и е цврсто, а она
облагороденото е нежно и свенато. Овој одговорил:
— На она земјата му е мајка, а на ова маштеа.
КУЧЕТО И ПЕТЕЛОТ
Кучето и петелот склопиле сојуз и тргнале
заедно на пат. Кога се спуштила ноќта, петелот
се качил на некое дрво и таму се сместил, а кучето влегло во ишупленото дно на стеблото. Кога,
по својот обичај, петелот во рани зори закукурикал, го дочула лисицата, дотрчала таму, застанала под дрвото и почнала да го наговара да слезе,
оти сакала да го поздрави животното што има
таков прекрасен глас. Петелот ѝ одговорил да
го разбуди прво вратарот што спие во шупли-
31вото дно од дрвото, па ќе слегне Кога овој ќе ја
отвори вратата. Кога таа го побарала вратарот,
се појавило кучето, ненадејно скокнало и ја раскинало лисицата.
КУЧЕТО СО МЕСО
Некое куче со месо во устата, преминувало
преку поток. Во водата го здогледало својот лик
и помислило дека тоа е друго куче што има поголемо парче месо. Затоа, го отпуштило своето
парче и скокнало да му го грабне месото на она
другото куче. Меѓутоа, останало без ниедно парче. Она другото парче не го дограбило зашто и
не постоело, а неговото парче го однела водата.
КОМАРЕЦОТ И ЛАВОТ
Некој комарец дошол кај лавот и му рекол:
— Ниту се плашам, ниту си појак од мене.
Ако мислиш дека не е така, тогаш во што ти е
силата? Зар во тоа што гребеш со шепите и гризеш со забите? Тоа му го прави и жената на мажот, кога се кара со него. Јас секако сум појак
од тебе: ако сакаш, да се огледаме.
Тогаш комарецот забрмчел и зел да го боде
лавот по незаштитените места околу носот. Бранејќи се, лавот се ранувал со сопствените шепи,
додека не премалел. Кога го победил лавот, комарецот забрмчел, запеал победничка песна и
3 Басни 33одлетал, ама се заплеткал во пајаковата мрежа.
Пред пајакот да го изеде, почнал да плаче, оти
бедната животинка, пајакот, го упропастила него,
кој се борел со најсилниот.
ЛАВОТ И ЛИСИЦАТА
Еден стар лав, немоќен да излегува на лов
и сам да набавува храна, увидел дека тоа ќе мора
да го прави по определен план. Затоа се повлекол во пештерата, се испружил таму и зел да се
престорува дека е болен. Така, ги лапал животните, фаќајќи ги кога доаѓале во посета. Кога
веќе многу ѕверови уништил, дошла еден ден и
лисицата, но таа го прозрела неговото лукавство.
Се запрела подалеку од пештерата и го запрашала како се чувствува. Тој одговорил „лошо“,
и кога ја запрашал за причината што не влегува,
таа му рекла:
— Јас би влегла кога не би ги гледала многуте траги што водат во пештерата, а ниедна од
пештерата.
ЛАВОТ И МЕЧКАТА
Лавот и мечката во ист час се намериле на
некое еленче и фатиле да се борат за него. Силно
изморени, премалени од тешката борба, паднале
изнемоштени. Кога лисицата, што облетувала наоколу, ги видела нив немоќни, а еленчето кај
лежи на среде, протрчала меѓу обајцата, го грабнала еленчето и избегала. Тие, гледајќи ја, а немоќни да станат рекле:
— Ех, ние бедници! Се мачевме за лисицата,
ЛАВОТ И ГЛУШЕЦОТ
Додека лавот спиел еден глушец му претрчал преку устата. Тој се разбудил, го фатил и
се готвел да го лапне, но овој го замолил да не
го јаде, велејќи дека ќе му се оддолжи ако го
поштеди. Лавот се насмеал и го пуштил. По кусо
време лавот навистина се спасил со заслуга на
глушецот. Имено, кога лавот бил врзан за некое
дрво, фатен во мрежа што ја поставиле ловците,
глушецот го чул кај офка, дошол, го преглодал
јажето и откако го ослободил, рекол:
— Ти тогаш ме исмеа, зашто не очекуваше
оти јас ќе ти вратам со добро. Сега, пак, знај дека
и кај глувците постои благодарност.
ЛАВОТ И ЗАЈАКОТ
Еден лав нашол зајак на спиење и се готвел
да го изеде, но во истиот миг забележал кај минува некој елен. Затоа го оставил зајакот и фатил да го гони еленот. Зајакот ја слушнал вревата, станал и избегал. Откако не успеал да го
фати еленот, иако трчал далеку по него, лавот
се вратил кај зајакот. Кога видел дека и тој побегнал, рекол:
— Токму така и ми требаше, зашто барајки
нешто поголемо, го загубив пленот од шепите.
ЛАВОТ И БИКОТ
Лавот меркал некој многу голем бик и посакал да го совлада. Затоа му рекол дека има
заклано овца и го повикал на гозба, мислејќи да
го совлада кога ќе седне на маса. Бикот дошол и
кога забележал многу котли и големи ражни, а
овца никаде, без да прозбори, тргнал да си оди.
Кога лавот почнал да го укорува и да прашува
зошто си оди без причина, иако не доживеал ништо страшно, бикот рекол:
— Јас не го правам ова баш без причина, зашто гледам приготвени садови, но не како за
овца, туку како за бик.
ВОЛКОТ И СТАРИЦАТА
Волкот бил гладен и скитал барајќи храна.
Кога стасал до некоја куќа, чул плач на дете и
некоја старица која му велела на детето:
— Престани да плачеш, ако не сакаш веднаш да те дадам на волкот.
Волкот, мислејќи дека старицата ја зборува
вистината, долго стоел чекајќи го тој час. Кога
се спуштила ноќта, ја чул пак старицата како
зборува на галено и му вели на детето:
— Мило мое, ако дојде волкот ваму, ќе го
отепаме. Кога го слушнал тоа, волкот почнал да
се оддалечува зборувајќи:
— Во оваа куќа едно говорат, а друго прават.
ВОЛКОТ И ШТРКОТ
Волкот голтнал коска и тргнал да бара некој
да го излекува. Се намерил на некој штрк и зел
да го моли да му ја извлече коската, за награда.
Тој ја вовлекол главата во неговото грло, ја измолкнал коската, и почнал да ја бара здоговорената награда. Волкот се насмеал, зачкртал со
забите и рекол:
— Доволно ти е и самото тоа што ја извлече жива главата од мојата уста.
МРАВКАТА И ГУЛАБОТ
Мравката била жедна и слегнала во изворот,
но водата ја завлекла и таа почнала да се дави.
Некој гулаб го забележал тоа, откинал едно гранче и го фрлил во изворот. Мраквата седнала на
гранчето и се спасила.
Во една друга прилика, некој ловец со праќа тргнал да лови гулаби. Кога го видела тоа,
мравката го каснала ловецот за него. Овој осетил
болка, ја фрлил праќата и гулабот веднаш си избегал.
СВЕТИЛКА
Светилката, полна со масло, светела сјајно и
се фалела дека свети посилно од сонцето. Кога
дувнал ветерот, в миг ја изгаснал. Тогаш, некој
човек, палејќи ја повторно ѝ рекол:
— Свети, светилке, и молчи! Само светлината на ѕвездите никогаш не гасне.
ПАТНИЦИТЕ И МЕЧКАТА
Двајца пријатели патувале заедно. Кога
одеднаш пред нив се појавила мечка, едниот брзо
се искачил на некое дрво и се скрил таму. Вториот, кој не стасал да избега, се фрлил наземи
и се престор
Read more…